ПОП-ПЕЈАЧОТ ПАНЧЕ КАСАПСКИ СНИМИ СПОТ ВО СТОКХОЛМ ЗА БАЛАДАТА „ПОМИНИ“

Пејачот и композитор Панче Касапски го промовираше новиот спот за песната „Помини“ која ја испеа годинава на фестивалот Макфест во Штип.
Спотот е снимен во Стокхолм, Шведска, а го режираше Мерт Арслани. Композитор и аранжер на оваа балада е Касапски, текстот е на Робин Зимбаков, придружните вокали ги пее Лара Иванова, а миксот и мастерингот се на Роберт Билбилов. Касапски за првпат настапи на Макфест во 2013, и оттогаш има испеано неколку авторски песни.
Меѓу нив е и дуетот со Лара Иванова, „Само сврти се“.