ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕН ДЕБИ АЛБУМОТ НА БИТОЛСКИОТ РОКЕНРОЛ БЕНД „ЧОКАНЧЕ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Издавачката куќа „Корпус деликти“ повторно ќе го објави деби албумот на култната битолска рокенрол група „Чоканче“. Насловен едноставно „Чоканче“, албумот ќе излезе во мај во 200 примероци на плоча.

„Чоканче“ оригинално беше објавен како двојна касета во 1996 година со вкупно 21 песна. На реизданието ќе се најдат 14 песни, што неизбежно ги вклучува хитовите „Чоканче“ и „Буништар“. Извршен продуцент е Тошо Филиповски, а мастерингот го правеше Андреј Љатковски.

Предводен од фронтменот Бранко Шпољариќ, „Чоканче“ го имал првиот настап во 1983 година и сѐ уште е активен.