„ПРЛ ЏЕМ“ ОДРЖА ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ АЛБУМ, НО НЕ ОБЈАВИ КОГА ИЗЛЕГУВА

Лос Анџелес, (АП)

„Прл џем“ одржа приватна слушачка промоција на својот нов албум во клуб во Лос Анџелес, на која присуствуваа и пејачот Еди Ведер, гитаристот Мајк Мекриди и басистот Џеф Амент. Тоа ќе биде 12. студиски албум на легендите на гранџот и прв по „Гигатон“ од 2020, кој доби одлични критики.

„Без претерување, но мислам дека ова е нашето најдобро дело досега“, кажа 59-годишниот Ведер, претставувајќи го новиот албум пред присутните.

Името на албумот, кој содржи 11 песни, засега не се открива, ниту кога ќе биде објавен, но Ведер кажа дека е целосно подготвен.

„Го снимивме пред околу една година и добро е одлежан“, рече тој.