В понеделник (22 април) од 19.30 во камерната сала на Филхармонијата ќе се одржи пролетен концерт на учениците од вокално-инструменталниот оддел на ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“.
Ќе настапат 19 ученици од средното и од основното музичко училиште со дела од домашни и од странски композитори.
„Сонуваме, патуваме, мечтаеме и раскажуваме со нашата најубава уметност, музиката. И оваа година на третото по ред издание на пролетниот концерт ќе настапат нашите бисери, младите уметници од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, сила и двигатели на културата во Македонија. Само преку вакви форми каде ученикот – уметник се негува, едуцира и се претставува пред публиката ние можеме да дејствуваме јавно и да го направиме овој свет подобар“, изјави м-р Даница Стојанова, директор на „Илија Николовски-Луј“. Училиштето во изминатиов период е активно со повеќе концертни настапи и натпревари.