Том Харди не е само светски познат актер, добитник на Бафта и миленик на публиката, туку и поранешен рапер.
Деновиве во медиумите беше објавен рап албум со 18 песни од 1999 година, наречен „Паѓање на задник“.
Проектот никогаш претходно не бил објавен, а како автори стојат диџеј Еди Ту Тол (Ед Трејси) и раперот Томи број 1 (Том Харди).
На рап-миксот, британскиот глумец, познат по улогите во „Почеток“ на Нолан, „Повратник“ на Ињариту и ТВ-серијата „Табу“, рецитира стихови кои сам ги пишувал, а меѓу темите е користена и познатата музика од филмот „Кум“.
Во 2014 година, тој изјави дека во тинејџерските години пишувал стихови, рапувал и снимил албуми, бидејќи потекнува од работничко семејство и му требале пари.
Претходно, во интервјуто за Би-Би-Си за 2011 година, Харди изјави:
„Соработував со човекот кој ѝ беше менаџер на Лорин Хил, работев и со продуцентите-добитници на Греми, Ворен Рикер и Гордон Вилијамс. Снимив многу работи, но никогаш не ги објавивме“.