На 10 јануари, во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе се одржи божиќно-хуманитарен концерт на Сара Мејс и девојките, заедно со Камерниот оркестар на Битола. Организатор е Општина Велес, во соработка со театарот и Општинската организација на Црвен крст.
Концертот, што почнува во 20 часот, е најавен како хуманитарен. Средствата од продажбата на билетите, чија цена е 400 денари, се наменети за опремување на Детското одделение при Општата болница Велес. За секој купен билет, Сара Мејс подарува цеде од нејзиниот последен албум.
П. ПЕЧКОВ
Фото: К. Попов