СЕСТРИТЕ ИЛИНА И ЈОВАНА НИКОЛОВСКИ ЈА СНИМИЈА ПЕСНАТА „МАЈКА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Мајка“ е новата песна на Илина и Јована Николовски, која е посветена на мајките по повод Меѓународниот ден на жената, 8.Март. Музиката, текстот и аранжманот се на Сашо Николовски, а видеоспотот го режираше Глигор Кондовски.

Илина и Јована се сестри на возраст од 15 и 13 години. Потекнуваат од музичко семејство и од рана возраст изучуваат музика. Двете се ученички во нижото музичко училиште „Илија Николовски-Луј”, отсек соло пеење. Илина е деветто, а Јована седмо одделение во училиштето „Невена Георгиева-Дуња“. Покрај музиката, Илина и Јована осум години посетуваат и часови по глума во драмско студио.

„Досега имаме снимено 15 свои песни. Првиот настап ни беше на детскиот фестивал ‘Чунга лунга’ во Охрид во рамките на Охридски трубадури во 2016. Следната година настапивме на детскиот музички фестивал ‘Тра-ла-ла’ во Битола, каде добивме и награда“, велат Илина и Јована Николовски.