„Шок труперс“, еден од најпопуларните македонски андерграунд бендови, вечерва ќе одбележи 15 години постоење со концерт во Младински културен центар во Скопје, кој почнува во 20:45 часот.
Основани во 2007, „Шок труперс“ го опишуваат својот звук како мешавина на краст, грајндкор, хардкор и метал и важат за еден од најенергичните бендови на домашната музичка сцена. Во својата дискографија има два студиски албума, а беше и на две европски турнеи.
Гости на вечерашниот концерт ќе бидат „Конспираси“, „Ју“ и српската група „Кемикал тумб“.