Шведскиот кантавтор Џеј-Џеј Јохансон ќе гостува во Скопје на 12 март, а неговиот прв концерт во Македонија ќе се одржи во малата сала на Филхармонијата, објави „Друга страна“.
Педесет и шестгодишниот Јохансон, кој е познат по својот меланхоличен глас, досега има објавено 14 албуми, на кои има вклучено елементи на трип-хоп и електроника. Неговиот последен албум „Фетиш“ излезе во 2023 и беше проследен со светска турнеја, во рамките на која сега доаѓа и во Скопје.
Почетната цена на билети е 1.000 денари.
(Фото: Фејсбук)