„Скопје колинг“ оваа година ѝ се враќа на електронската музика. Тој ќе се одржи како еднодневен фестивал на 5 јуни на стадионот на АРМ во Градски парк во Скопје.

Организаторот „Авалон продукција“ ја објави целосната листа на изведувачи, на која што се наоѓаат домашното дуо „Сирилик“, холандскиот диџеј Морис Вест, популарниот турски продуцент и диџеј Махмут Орхан, израелските ѕвезди на транс сцената „Види вичи“ и Кирил Џајковски, кој ќе го затвори фестивалот.

Влезниците по цена од 1.000, 1.500 и 2.000 денари ќе бидат пуштени во продажба утре.