СКОПСКО ЛЕТО СЕ ЗАТВОРА СО КОНЦЕРТ НА КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР НА МУЗИЧКАТА МЛАДИНА НА МАКЕДОНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Четириесет и петтото издание на Скопско лето се затвора вечерва (31 јули) во 20:30 часот во Сули ан со концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“ под диригентство на Иван Еминовиќ. Солисти се Симеон Гошев на виолина и Енис Аљи на виолончело.

На програмата се дела од Вивалди, Аврамовски, Попер, Зографски и Шуплевски.

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 38 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986. Составен е од студенти на ФМУ во Скопје, но и од гости и млади музичари од други земји.