„Скопско смут“, пивото што е синоним за младост, бунт, слобода и свежина, ја лансираше музичката платформа Smooth ON, која на едно место ги собира луѓето кои со децении ја креирале, дефинирале и живееле музичката сцена, за да ги пронајде, поддржи и промовира најсвежите и најоригиналните домашни артисти.
Лансирањето се случи на неодамна одржаниот Д фестивал во Дојран, каде што на отворена панел дискусија во „Скопско смут“ катчето се дискутираше за македонската музичка сцена со Тошо Филиповски, Гоце Саф, Филип Николовски и Огнен Стојановски.
Наскоро, целата дискусија ќе биде објавена на Smooth ON, a во меѓувреме може да се слушне музичката селекција на панелистите на www.smoothon.mk.