Групата „Синтезис“ ќе одржи славенички концерт на 25 септември од 20.30 часот во Филхармонијата, објави „Баги комуникации“. На концертот, „Синтезис“, ќе го прослави 30-годишниот јубилеј.
„Со повеќе од 500 концерти одржани на сите континенти и настапи во некои од најпознатите светски сали и фестивали, ‘Синтезис’ е најголемиот амбасадор на македонската музика во светот. Три децении групата е чувар на македонската традиционална музика и нејзин облагородувач со нови музички форми и елементи. Своето патешествие ќе го заокружат подарувајќи ѝ на публиката незаборавен концерт“, велат од „Баги комуникации“.
Влезниците ќе се продаваат преку мрежата на МкТикетс.