Еден од најпопуларните македонски бендови „Суперхикс“ по подолго време се огласи со нова песна.
„Суперхикс“, кој лани одбележа 25 години постоење, денеска го промовираше спотот за песната „Ана“, во кој во главна улога се појавува актерката Сара Анастасовска. Спотот е во режија на Благоја Неделковски.
Песната е прво ново издание на „Суперхикс“ од албумот „Андерграунд евергрини“ од 2017 година. Засега нема информации дали ова е најава на нов албум.