Тамара Грујеска ја имаше првата проба на детскиот Евросонг со песната „Кажи ми, кажи ми кој“ во Ница, Франција, со која ќе ја претставува Македонија на 26 ноември.
Младата пејачка е од Гостивар, наскоро ќе наполни 13 години, а љубовта кон музиката ја покажала на пет години.
Авторскиот тим на песната е сличен како оној на Тамара Тодевска на Евровизија во 2019 во Израел. Роберт Билбилов и Дарко Димитров се композитори на песната, а текстот е на Коста Петров и Билбилов. Гоце Димовски свири кавал, а Билбилов виолина. Режисер на спотот е Огнен Шапковски.
Онлајн гласањето ќе започне на 24 ноември во 20 часот на овој линк, а ќе трае до финалната вечер на 26 ноември, која почнува во 16 часот, со пренос на „МРТ1“.
(Фото: junioreurovision.tv)