Фестивалот за електронска музика „Сонар“ во Барселона наредната година планира да се претвори во забава, што ќе се слушне длабоко во вселената.
По повод 25-годишнината од фестивалот, организаторите сакаат да направат нешто што досега не е видено и да емитуваат музика во вселената.
Нивната крајна цел е планетата ГЈ237б, што е оддалечена 12,4 светлосни години од Земјата.
Научниците веруваат дека на оваа планета еден ден би можеле да постојат услови за живот и една европска научна асоцијација ќе му помогне на фестивалот да ја оствари својата неверојатна идеја, емитувајќи ја музиката преку комплексот антени во норвешкиот град Тромзо.
Засега, 33 артисти се избрани да учествуваат во овој историски настан со клипови од по десет секунди, вклучувајќи ги Ричи Хотин и Холи Херндон.
Музиката ќе се испраќа во бинарен код, со инструкции како да се декодира, исто така на бинарен начин.
Следното издание на „Сонар“ фестивалот ќе се одржи од 14 до 16 јуни 2018 година.