ТЕЈЛОР СВИФТ ЈА ЗАВРШИ ДВЕГОДИШНАТА СВЕТСКА ТУРНЕЈА СО ПРОДАДЕНИ НАД 10 МИЛИОНИ БИЛЕТИ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Тејлор Свифт им се заблагодари на своите обожаватели што ја направија турнејата „Ерас“ „највозбудливото, најмоќното, најинтензивното, најпредизвикувачкото“ искуство во нејзиниот живот, за време на завршниот концерт во Ванкувер на 8 декември.
Свифт на публиката во Канада ѝ рече дека е на турнеја од нејзината 15-годишна возраст, но искуствата од изминатите 21 месец биле „целосно различни и неспоредливи“ од сè што некогаш правела.

Фото: Гети

„Никогаш не помислив дека пишувањето на еден ред за нараквиците за пријателство ќе ве натера да правите нараквици за пријателство, да се дружите и да се радувате еден на друг. Тоа е трајното наследство од оваа турнеја. Не би можела да бидам повеќе горда на вас“, кажа поп-ѕвездата.

Турнејата „Ерас“ започна во Аризона во март 2023, со концерт со 44 песни што траеше повеќе од три часа.

Фото: Гети

Побарувачката за билети беше толку голема што системите на Тикетмастер се расипаа, што предизвика сослушување во компанијата во американскиот Сенат.

И покрај тоа, повеќе од 10,1 милиони билети беа продадени за 149 концерти на турнејата, кои опфаќаат пет континенти, во текот на речиси две години.
Минатиот декември, „Ерас“ стана првата турнеја во историјата што надмина 1 милијарда долари во продажба на билети. Според „Форбс“ таа бројка се очекува да достигне 2 милијарди долари.

(Фото: Гети)