ТЕЈЛОР СВИФТ ЗА САМО ЧЕТИРИ ДЕНА ПРОДАДЕ НАЈМНОГУ АЛБУМИ ВО 2017

Њујорк, (АП)

Тејлор Свифт остана со празни раце на неодамнешните Европски музички награди на Ем-Ти-Ви, но затоа може да се пофали со најпродаван албум на годината.

Американската поп-ѕвезда го собори рекордот за само четири дена од излегувањето на нејзиниот албум „Репутација“, што за овој период се продаде во 1,05 милиони примероци во традиционална форма.

Пред Свифт, најпродаваните албуми годинава беа „Подели“ на Ед Ширан (919.000 примероци) и „По ѓаволите“ на Кендрик Ламар (842.000).

Албумот на Свифт не е достапен за стриминг, па фановите мораа да го купат во вид на ЦД или преку сервисите на „Спотифај“ и „Епл мјузик“.

Ова е нејзиниот четврти албум што се продаде во повеќе од милион копии во првата недела од издавањето, со што стана прв артист на кој му успеало тоа.