„ТЕМНАТА СТРАНА НА МЕСЕЧИНАТА“ НА „ПИНК ФЛОЈД“ СОБРА 950 НЕДЕЛИ НА АМЕРИКАНСКАТА ТОП ЛИСТА

Њујорк, (Форбс)

Култниот албум на „Пинк Флојд“, „Темната страна на Месечината“, се врати на американската топ листа и иако се најде на скромното 193. место, ова, сепак, е импресивен податок.

Тоа е негова 950. недела на листата Билборд 200, што досега не му успеало на ниеден друг албум. Поточно, ниеден друг албум не е ниту блиску до оваа бројка, бидејќи вториот најдолговечен албум на Билборд 200 е компилацијата со најголемите хитови на Боб Марли „Легенда“, која има собрано 625 недели.

„Темната страна на Месечината“ е објавен во 1973 година и во меѓувреме стана еден од најуспешните албуми на сите времиња. Само во САД се продал во повеќе од 15 милиони копии и бил на првото место низ цел свет.