ТОНИ БЕНЕТ НА 95 ГОДИНИ СНИМИ НОВ АЛБУМ СО ЛЕДИ ГАГА

Лос Анџелес, (Вараети)

Американскиот пејач Тони Бенет го прослави 95. роденден, објавувајќи дека снимил нов албум со Леди Гага, што треба да излезе на 1 октомври. Албумот „Љубов на продажба“ (Love For Sale) се најавува како последен во кариерата на Бенет.

Бенет и Гага првпат соработуваа во 2015 година, кога нивниот заеднички албум „Образ на образ“ (Cheek to Cheek) одлично помина на топ-листите. Новиот албум е посвета на Кол Портер и содржи соло песни од двајцата пејачи, како и дуети.

Во февруари, семејството на Бенет објави дека пред пет години му била дијагностицирана Алцхајмерова болест, иако тој во меѓувреме продолжи да настапува.