ТРЕТАТА СВИРКА ОД БЛУЗ СЕРИЈАЛОТ „БЕКЈАРД СЕШНС“ УТРЕ НА СРЕДНО ВОДНО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Третата свирка од акустичниот блуз серијал „Бекјард сешнс“ е на програмата утре на Средно Водно.

Овојпат, локацијата е клубот „Потфат МЦ“, а ќе настапи скопскиот блуз бенд „Онија“, и тоа во свое помалку вообичаено, акустично издание. Свирката почнува во 18 часот, а влезот е слободен.

Серијалот „Бекјард сешнс“ го организира група блуз музичари и фанови обединети под името „Блуз фамилија“ и е замислен како увертира во првиот „Котон блуз фестивал“, што ќе се одржи оваа пролет. Втората од планираните четири сесии се одржа во почетокот на ноември.