На 22 ноември во Филхармонијата ќе настапи српскиот бенд „Голден Тина“, кој е популарен во регионот по преработките на хитовите на Тина Тарнер.
Организаторот, „МГ мјузик продукција“ вели дека ќе се свират најголемите хитови на легендарната американска пејачка, балади и дуети кои ја обележаа нејзината музичка кариера. Билетите се продаваат преку мрежата на Мк тикетс.