Српската трибјут група „АББА РИНГ“ на 9 февруари ќе одржи концерт во Скопје, во Филхармонијата.
Составот кој ги пее најголемите хитови на светски познатата шведска група „АББА“ во моментов е на турнеја и настапуваат во Хрватска, Словенија, Австрија, Чешка, Русија и Србија.
Бендот има осум членови, а на настапите се облекуваат во костуми кои потсетуваат на оние на „АББА“.  Нивната кореографија е слична со некогашните настапи на шведската музичка четворка.
 
     
                         
                 
                 
                 
                 
                 
                 
                