Денеска (17 мај) во 20 часот, во Даут пашин амам во Скопје почнува 17. издание на Фестивалот за современа музика „Модоарс“.
На отворањето ќе настапат тројца пијанисти: Ервин Леитер од Унгарија и Леонид Петрески и Стефанија Јонческа-Тонски од Македонија. Ќе се изведат дела од класичната и современата музика, меѓу кои и „Турски марш“ од Моцарт, „Ероика варијации“ од Бетовен и Скерзо бр. 4 од Шопен.
На 30 мај е концертот на гитаристите Дејан Несторов и Александра Кировска и пијанистката Ангела Николовска, кои ќе настапат на истото место од 20 часот.
На 15 јуни ќе се одржи концерт за деца, на кој ќе настапат учениците од Пијано академијата „Модоарс“. На затворањето на фестивалот ќе настапи пијанистката Ема Попивода (фото), што ќе биде и промоција на нејзиниот нов албум.