ВАСИЛИЧАРСКИОТ КОНЦЕРТ НА НОБ ПОСВЕТЕН НА МУЗИЧКИТЕ ЛЕГЕНДИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Песни од некои од најголемите поп и рок легенди ќе се изведат на Василичарскиот концерт во Националната опера и балет (НОБ). Тој традиционално се одржува на 12 и 13 јануари во пресрет на празникот Василица.

Концертот е насловен „Легенди“, ќе диригира Бисера Чадловска, а ќе настапат солисти, Хорот и Оркестарот на НОБ.

Според најавите од НОБ, ќе се изведат хитови на Витни Хјустон, Дејвид Боуви, Тина Тарнер, Елтон Џон, Барбра Стрејсенд, Мајкл Џексон, Стинг, Џорџ Мајкл, „Ганс ен роузис“, но во нови симфониски аранжмани.