Велешките музичари се обединија за да му испратат охрабрувачка порака на светот дека „ќе мине сѐ“.
Шеснаесет пејачи и пејачки, вклучувајќи ги и членките на групата „Д Чикс“, снимија преработка на хитот од 1985 година „Ние сме светот“ (We Are the World), со симболичен наслов „Ќе мине сѐ“.
Автор на текстот е Огнен Неделковски, а аранжманот го направија Стојанче Иванов и Оливер Тевчев. Во изведувањето на песната учествуваат Дејан Попов, Стефани Алчева, Трајче Бондиќов, Катерина Брезева, Трајче Малинов, Мими Јовановска, Баже Натов, Стојанче Иванов, Симеон Иванов, Трајче Ристов, Оливер Тевчев, Борче Стојанов, Тихомир Тевчев и триото „The Chicks“.
Спотот е снимен со мобилни телефони, во домовите на учесниците во проектот „Од Велес за светот“.