ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ И МИРОСЛАВ ТАДИЌ ЗАЕДНО ЌЕ ГО СВИРАТ АЛБУМОТ „ТРЕТА МАЈКА“ НА КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ ВО ЈУНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
На 1 јуни во Филхармонијата заеднички концерт ќе одржат гитаристите Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, објави „Авалон“.
Македонскиот и српскиот гитарист ќе го свират заедничкиот албум  „Трета мајка“, кој „Авалон“ неодамна го реобјави на винил по 20 години. На албумот гостува бугарскиот кавалџија Теодосиј Спасов. 
„Трета мајка“ содржи десет композиции кои се инструментални верзии на македонски народни песни. Од „Авалон“ велат дека овој албум е едно од нивните највредни изданија досега.
Билетите ќе бидат во продажба преку мрежата на ticketx.mk.