ВО ВЕНЕЦИЈА СНИМИВ СПОТ ЗА СИТЕ ОСАМЕНИ, ВЕЛИ ПОП-ПЕЈАЧОТ ЛОЗАНО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Поп-пејачот Влатко Лозаноски-Лозано ја промовираше новата песна „Маскенбал“, чии автори се Лазар и Магдалена Цветкоски.

„Сите кои се чувствуваат осамено и изморено ќе се пронајдат во мојата нова песна“, вели Лозаноски.

Спотот е снимен во Венеција, италијанскиот град кој, меѓу другото, е познат по карневалот со маски, кој се одржува секоја година. Во видеото, и Лозано носи маска.

Спотот го режираше Даниел Јовески, а поп-пејачот најави уште нови песни оваа година.