ЗАБОРАВЕТЕ НА КОНЦЕРТИ И ФЕСТИВАЛИ ВО 2020, ВЕЛАТ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА ЊУЈОРК И ЛОС АНЏЕЛЕС

Њујорк, (НМЕ)
INDIO, CA - APRIL 21: Zedd performs at Coachella Stage during the 2019 Coachella Valley Music And Arts Festival on April 21, 2019 in Indio, California. (Photo by Kevin Mazur/Getty Images for Coachella)

Градоначалниците на Лос Анџелес и Њујорк сметаат дека концерти и фестивали веројатно нема да има оваа година, додека САД и светот се наоѓаат среде пандемијата на коронавирусот.

„Тешко е да се замисли дека во скоро време ќе можеме да се собираме во голем број. Мислам дека треба да заборавиме на тоа оваа година“, кажа првиот човек на Лос Анџелес, Ерик Гарсети.

Слично размислува и гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, кој смета дека концерти нема да има сѐ додека не се развие вакцина или лек за коронавирусот.

„Никогаш не сме посакувале науката да работи побрзо“, изјави Њусом.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, вели дека големи јавни собири ќе бидат нешто последно што ќе се врати по завршувањето на пандемијата.

Слична е ситуацијата и во Европа, каде што речиси сите држави и натаму се во карантин, а Германија беше најконкретна и ги забрани сите масовни собири најмалку до 31 август.