ЗАЕДНИЧКИ КОНЦЕРТ НА СЛАТКАР И ТОНИ ЗЕН ВО АПРИЛ ВО СКОПЈЕ, ЌЕ СЛАВАТ 18 ГОДИНИ СОРАБОТКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Слаткаристика и Тони Зен ќе одржат заеднички концерт на 5 април во Скопје, во салата „Борис Трајковски“, објави продукцијата „Прагма“. Концертот е со наслов „Спушти се доле“, според дуетот кој го снимија во 2009.

Пред 18 години, Тони Зен и Слаткар го започнаа проектот „Хип-хоп револуција“ и имаат снимено 10 заеднички песни. Во август, по повеќе од 14 години пауза, тие го снимија дуетот „Милион лета“.

„Песната излезе многу спонтано, имаме повеќе идеи и песни, но се одлучивме за оваа сега. Песната е ‘романтична’, мирна и певлива. Ќе си најде слушатели со тек на време. Со Марко снимивме дует по 14-15 години, историјата се повторува“, ни рече Тони Зен тогаш.

Картите за концертот се продаваат преку мрежата на kupikarta.com.