ЗАКАЖАН ВТОР КОНЦЕРТ НА ЗДРАВКО ЧОЛИЌ СО СИМФОНИСКИ ОРКЕСТАР ВО СКОПЈЕ, ПРВИОТ СЕ РАСПРОДАДЕ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Здравко Чолиќ ќе одржи и втор концерт во Скопје, на 19 март следната година во салата „Борис Трајковски“, откако првиот, закажан за ден порано, се распродаде една недела по објавувањето.

Балканската поп-ѕвезда во Скопје ќе пее по шест години пауза. Овојпат доаѓа со симфониски оркестар, составен од 50 музичари од Биг бендот од Нови Сад и од оркестарот на Операта на Српскиот народен театар од Нови Сад. Новите аранжмани на неговите хитови прилагодени за оркестар ги подготви диригентот Федор Вртачник.

Пред Скопје, Чолиќ со оркестарот настапи во Љубљана, Бања Лука, Пула, Риека, Загреб и на рок фестивали во Србија. Организатор е „Мктикетс“.