ЗОШТО ДА ПРАВАМ ПРОШТАЛНИ КОНЦЕРТИ КОГА ЛУЃЕТО ВРЕСКААТ ПО МЕНЕ, РЕЧЕ БРУС СПРИНГСТИН

САД, (Си-Ен-Ен)

Брус Спрингстин нема да оди во пензија наскоро. Рок легендата ги увери присутните на концертот во Филаделфија дека „не оди никаде“ и дека планира да продолжи со турнејата во догледна иднина.

„Ние сме околу 50 години тука и не се откажуваме. Не правиме проштална турнеја. Зошто збогум кога илјадници луѓе врескајќи го кажуваат твоето име“, ѝ рече Спрингстин на публиката.

Спрингстин имаше здравствени проблеми во последно време, што резултираше со неколку презакажани концерти за време на светската турнеја која започна во февруари лани.

Во мај 2023, 74-годишниот рокер ги одложи концертите во три европски града поради проблеми со гласот, а потоа во септември објави дека мора да презакаже повеќе од 20 настапи додека закрепнува од пептичен чир.

Турнејата треба да заврши во ноември, што се совпаѓа со излегувањето на документарниот филм „Road Diary: Bruce Springsteen and the E Street Band“.

(Фото: Гети)