Валенсија и Аталанта синоќа мораа да играат во Лигата на шампионите пред застрашувачки празните трибини на „Месталја“, но еден навивач, сепак, беше таму.

Станува збор за Висенте Наваро Апарисио, кој, почнувајќи од 1960-ите, сите натпревари на Валенсија ги гледал од истото место на централната трибина: ред 15, седиште 164. Откако почина пред три години, клубот лани му се одолжи за верноста со бронзена статуа, со што ова место засекогаш ќе биде зафатено од него.

Тој продолжил да доаѓа на стадион и откако го изгубил видот на 54-годишна возраст, при што неговиот син му опишувал што се случува на теренот.

Имајќи предвид дека стадионот беше затворен за гледачи поради коронавирусот, Апарасио остана осамен на трибините.