Најстарата панда на светот која се чува во зоолошка градина го прослави 28. роденден, што е рамно на 80-ина човечки години и доби торта од мраз украсена со бамбус.

Мажјакот Еимеи од 1994 година е жител на зоолошката градина во јапонскиот град Ширахама и во 2014 беше признат за најстарата панда на светот која и натаму создава потомство по природен пат. Откако дојде од Пекинг, Еимеи направи 15 деца и 11 од нив беа вратени во Кина.

„Вработените и посетителите ги радува неговата долговечност и сите му посакуваме долг и здрав живот“, кажаа од зоолошката градина.

Еимеи оваа есен очекува да добие уште еден потомок, откако во јуни успешно се пареше со својата партнерка Раухин.