НЕМА УТКА СО ФИЛМСКА МУЗИКА – ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ОСКАРОВСКАТА ГАЛА ВЕЧЕР ВО ОПЕРАТА

Скопје, (СМАРТ. СДК.МК)

Безвременските хитови од блокбастери како „Кум“, „Војна на ѕвездите“, „Офицер и џентлмен“, „Топ ган“, „Валкан танц“, „Телохранител“, „Титаник“ и „Скајфол“ синоќа ја однесоа публиката во Националната опера и балет (НОБ) на патување низ Холивуд од 1980-тите, 1990-тите и 2000-тите.

Диригентката Бисера Чадловска (Фото: Ѓ. Личовски)

Во полниот салон на НОБ првпат се одржа Оскаровска гала вечер, во пресрет на 96. доделување на наградите на Академијата за филмска уметност и наука на 11 март во Лос Анџелес.

Низ приказната на хитовите нѐ водеше водителката Миланка Рашиќ (Фото: Ѓ. Личовски)

Најубавите филмски песни наградени со Оскар или кои беа номинирани ги изведоа поп и оперски пејачи во придружба на Оркестарот на НОБ и Националниот џез оркестар, под диригентство на Бисера Чадловска.

Фото: Ѓ. Личовски

Настапија Весна Ѓиновска-Илкова, Горан Наумовски, Тамара Раѓеновиќ од Црна Гора, Наде Талевска, Андријана Јаневска, Маја Гроздановска-Панчева, Ана Петановска, Ана Мицковска, Игор Дурловски, Даниел Данн и Христијан Тоневски.

Водителките Ирена Спировска и Бојана Тевчева (Фото: Ѓ. Личовски)

Сите изведувачи и оркестрите добиваа големи аплаузи, но публиката буквално срипа на нозе за да ја поздрави Петановска по изведбата на „Виолетов дожд“ (Purple Rain) од Принс, како и примадоната Ѓиновска-Илкова за изведбата на „Скајфол“ од Адел.

Фото: Ѓ. Личовски

Гала вечерта ја режираше Дејан Прошев, а низ историјата на песните од програмата и анегдоти врзани за нив нѐ водеше Миланка Рашиќ, долгогодишна македонска коментаторка на Оскарите.

Настапија и балетските солисти Саша Евтимова и Ендрју Кук (Англија), како и танцовата двојка од „Ритам плус“, Андреј Димоски и Ангела Спировска.

Фото: Ѓ. Личовски

Б. НЕСТОРОСКА

Фото: Ѓ. Личовски

Фото: Ѓ. Личовски
Фото: Ѓ. Личовски
Фото: Ѓ. Личовски