„Кенди“ во режија на Тамара Стојаноска, продукција на независниот театар „Златен Елец“ од Скопје, ја доби наградата за најдобра претстава на меѓународниот џез театарски фестивал Нишвил во Ниш, Србија.
Жирито во состав Франко Унгаро, Наташа Гвозденовиќ и Ана Тасиќ по одиграните шест претстави во натпреварувачката програма одлучи наградата за најдобра претстава подеднакво да се додели на „Кенди“ и на „Големиот спектакл на крајот на светот“ на театарот „Ен Вол“ од Сардинија, Италија.
Ова е трета награда за „Кенди“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска. Претходно ги освои наградите „Бранко Ѓорчев“ на истоимениот фестивал за дуодрама во Неготино и „Биш“ на Млад отворен театар во Скопје. Играат Бобан Алексоски и Лео Поповиќ, а музиката е на Лука Тошев.