НИКОЛА ЈОКИЌ СТАНА ПРВИОТ ИГРАЧ ВО НБА СО 2.000 ПОЕНИ, 1.000 СКОКОВИ И 500 АСИСТЕНЦИИ ВО ЕДНА СЕЗОНА

Денвер, (АП)
DENVER, CO - APRIL 7: Nikola Jokic #15 of the Denver Nuggets embraces the fans after the game against the Memphis Grizzlies on April 7, 2022 at the Ball Arena in Denver, Colorado. NOTE TO USER: User expressly acknowledges and agrees that, by downloading and/or using this Photograph, user is consenting to the terms and conditions of the Getty Images License Agreement. Mandatory Copyright Notice: Copyright 2022 NBAE (Photo by Garrett Ellwood/NBAE via Getty Images)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ испиша историја во победата на неговиот Денвер над Мемфис од 122:109, откако стана првиот играч во НБА лигата кој остварил 2.000 поени, 1.000 скокови и 500 асистенции во една сезона.

„Трката за МВП нема конкуренција. Во лигата има и други одлични играчи, но она што го прави Јокиќ оваа сезона е неверојатно. Тој беше добар минатата година, но оваа е уште подобар“, изјави тренерот на Денвер, Мајкл Малоун.

Против Мемфис, Јокиќ имаше скор од 35 поени, 16 скока и шест асистенции.

Јокиќ ја игра седмата сезона во НБА, сите со Денвер и лани беше прогласен за најкорисен играч во лигата.