Наградени филмови од изминатите изданија на меѓународниот филмски фестивал Киненова ќе се прикажуваат од 30 март до 3 април во киното Киноверзум во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во скопската општина Кисела Вода. Ревијата се одржува пред 10. издание на Киненова.
Организаторот соопшти дека приходот од влезниците ќе биде наменет за семејствата на настраданите во несреќата во кочанската дискотека „Пулс“, каде загинаа 59 лица, а над 200 беа повредени.
На 30 март ќе се прикаже босанскиот филм „Мажите не плачат“ во режија на Ален Дрљевиќ, на 31 март е хрватскиот „Хотел Пула“ на Андреј Коровљев, на 1 април е иранскиот „Кафуле“ на Навид Михандуст, на 2 април е грчко-германско-македонскиот филм „Зад стоговите сено“ на Асимина Проедру, а ревијата завршува на 3 април со „На сѐ ќе дојде крај“ (фото), копродукција на Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Турција и Бугарија, во режија на Рајко Грлиќ.
(Фото: Интерфилм)