Неколку дена откако со Реал Мадрид ја освои петтата шампионска титула, Серхио Рамос имаше нова причина за славење.
Триесет и четиригодишниот капитен на Реал и неговата сопруга Пилар Рубио го добија четвртото дете, и тоа повторно машко. Тој откри дека неговото име ќе биде Максимо Адријано.
„Мајката и бебето се совршено добро. Секогаш се гордеам со тебе, Пилар Рубио“, напиша Рамос на Твитер.
Рамос и осум години повозрасната Рубио се венчаа во јуни минатата година по седум години врска и веќе се родители на тројца синови, Серхио, Марко и Алехандро.