Вечерва (4 октомври) од 20 часот, во едукативниот културен центар „Лабораториум“ во Скопје ќе се изведе перформансот на петмина актери „Како да убиеш пет ликови во претстава“, во режија на Филип Петковски. Ова е дел од програмата „Culture Moves Europe”.
Перформансот вклучува одбрани сцени од претставите „Ифигенија во Авлида“, „Електра” и „Тројанските жени“ од Еврипид. Играат Фатлуме Буњаку од Косово, Виктор Лукиќ од Србија, Емилија Тончева од Бугарија, Пиа Мачерол (фото) од Словенија и Мира Јањетовиќ од Србија.