„Пинк Флојд“ постигнал договор со „Сони“ за продажба на својот музички каталог за 400 милиони долари, што ги вклучува и правата на името и брендот. Според американските медиуми, бендот не ги продал и правата на авторството на песните.
Договорот доаѓа по долги години спорови и несогласувања помеѓу членовите на бендот околу деталите на продажбата. Минатиот месец, „Вараети“ објави дека „Пинк Флојд“ и „Сони“ работат на договор.
„Сони“ и членовите на групата досега не излегоа со коментар.
Процесот на продажба се одолжи и поради контроверзните коментари на Роџер Вотерс за Израел, Русија, Украина и САД, што премислило некои од потенцијалните купувачи. Неколку извори потоа изјавија дека продажбата нема да се случи поради спорот помеѓу Вотерс и Дејвид Гилмор.
Неодамна беше објавено дека „Сони“ ќе го купи и музичкиот каталог на „Квин“, а во изминатите години на ваков потег се одлучија и Брус Спрингстин, Боб Дилан, Шакира, Џастин Тимберлејк и „Ред хот чили пеперс“.
(Фото: Гардијан)