Мерил Стрип, Ен Хатавеј и Емили Блант повторно се обединија на церемонијата на наградите САГ 2024 за најдобри филмски и телевизиски остварувања во Лос Анџелес, за да ја доделат наградата за најдобар актер во хумористична серија.
Стрип требаше да му ја врачи наградата на победникот, но наместо тоа, таа се пошегува дека не носи очила за читање и плик со името на победникот. На сцената ѝ се придружија Ен Хатавеј и Емили Блант, носејќи ѝ очила и плик.
Во филмот „Ѓаволот носи Прада“ од 2006 година кој го режираше Дејвид Франкел, Мерил Стрип ја играше Миранда Пристли, строгата главна уредничка на модното списание „Паста“. Ен Хатавеј и Емили Блант ги играа улогите на нејзините асистентки, Андреа Сакс и Емили Чарлтон.