На средината на април, во Македонскиот народен театар ќе се одржи премиерата на новата претстава „Хенгинг Араунд“, во режија и адаптација на Бојан Трифуновски, по текст на Љупчо Јованов. Од МНТ велат дека пробите за претставата се започнати (фото).
Во оваа приказна, главните ликови Хенгинг и Араунд се изгубени во светот на бајките. Не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста. Играат Сашко Коцев, Александар Михајловски, Стефан Спасов, Гораст Цветковски, Борче Начев, Ана Стојановска, Софиа Насевска-Трифуновска и Нела Павловска.
Со премиерата на „Хенгиг Араунд“ се одбележуваат 79 години од првата претстава одиграна на сцената на МНТ.