Денеска (16 февруари) од 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи премиера на претставата „Напуштени простори, напуштени тела, напуштени сеќавања“. Ова е третата етапа од трилогијата „Сиот свет е сцена – имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици” на здружението на уметници „Културен центар Медиа Артес“.
Претставата зборува за неискористените потенцијали на просторите и културното наследство. Играат Адријана Билаловиќ-Тодороска, Павел Маслов, Билјана Билаловиќ-Велјаноска, Јасмина Василева и Јасмина Билаловиќ. Драматург и режисер е Јелена Вуксановиќ. Влезот е слободен.
„Перформансот е креативен процес на соработка помеѓу тим на актери и драматург“, велат организаторите.