ПРЕМИЕРАТА НА „ЕДЕН МЕСЕЦ НА СЕЛО“ НА МАЏЕЛИ ВО МНТ ВО СЕПТЕМВРИ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Седумдесет и едногодишниот режисер со 35-годишна светска кариера, Паоло Маџели од Италија, во Македонскиот народен театар (МНТ) три месеци работи на претставата „Еден месец на село“ од рускиот класик Иван Сергеевич Тургењев.

Фото: М. Златевска

Првично мислел да ја работи „Три сестри“ од Чехов.

„Од една страна, градот диктира, суфлира нешто. Од средбите и дружењата со старите пријатели ми се причини дека градот е некако депресивен, гледам дека луѓето не се баш во најдобра форма. Па си реков, зошто да одам со ‘Три сестри’ и уште повеќе да ги вовлечам луѓето надолу. Решив да одам со нешто што има врска со Чехов, кое е тажно, но во исто време откачено, трагично, а комично“, вели Маџели.

Фото: М. Златевска
Фото: М. Златевска

Во претставата играат: Катерина Коцевска, Ѓорѓи Јолевски, Сашка Димитровска, Дарја Ризова, Тина Трпкоска, Александар Микиќ, Никола Ристановски, Стефан Спасов, Нино Леви, Сашко Коцев, Дамјан Цветановски и Ана Стојановска.

Фото: М. Златевска

Сценографијата и костимите се на Лоренцо Банчи од Италија и на Мануела Паладин од Хрватска. Музиката ја работи Љупчо Константинов. Премиерата се најавува за крајот на септември.

Б. НЕСТОРОСКА

Маџели со драматургот Жељка Удовичиќ, асистентот Дамјан Костовски и со актерите Никола Ристановски и Сашка Димитровска на пробата на „Еден месец на село“ (Фото: М. Златевска)
Легендарниот режисер и интелектуалец Маџели првично мислел да ја работи „Три сестри“ од Чехов, но решил да оди со текст на Тургењев што има врска со Чехов (Фото: М. Златевска)