ПСЖ ГО СМЕСТИ МЕСИ ВО ХОТЕЛ СО ПЕТ ЅВЕЗДИ ВО СРЦЕТО НА ПАРИЗ, ЗА НОЌЕВАЊЕ ПЛАЌА 20.000 ЕВРА

Париз, (Дејли мејл)

Серхио Рамос ги поканил Лео Меси и неговото семејство да се преселат кај него во куќа ако им здосади во хотел, пишува весникот „Ел Паис“. Некогаш лутите ривали од оваа сезона ќе бидат соиграчи во ПСЖ.

Меси моментално престојува на седмиот кат од хотелот со пет ѕвезди „Le Royal Monceau“, во кој на располагање има базен, приватно кино и шест луксузни ресторани. Во тој хотел, ПСЖ ги сместува сите свои големи засилувања пред да најдат трајно сместување.

Цените на собите почнуваат од 825 евра, а се шпекулира дека едно ноќевање за семејството Меси чини 20.000 евра.

Отворен во 1928 година, „Le Royal Monceau“ се наоѓа на авенијата Ош во срцето на Париз, во непосредна близина на Триумфална порта.

ПСЖ бесплатно го донесе Меси од Барселона, а годишно ќе го плаќа 35 милиони евра, плус бонуси. Дресот со број 30 инстантно стана најбаран производ во клупските продавници, а чини 158 евра.