РОНАЛДО СТАНА ПРВ ФУДБАЛЕР КОЈ ГИ ОСВОИЛ СИТЕ ТИТУЛИ ВО АНГЛИЈА, ШПАНИЈА И ИТАЛИЈА

Торино, (Си-Ен-Ен)

Јувентус сепак ќе ја заврши сезоната со трофеј, откако во финалето на италијанскиот куп ја совлада Аталанта со 2:1, а Кристијано Роналдо дојде до ново уникатно остварување. Тој стана прв фудбалер во историјата кој ги освоил сите големи трофеи во Англија, Шпанија и Италија.

Ова е негов прв куп трофеј со Јувентус, со кој двапати беше првак на Италија и исто толку пати го освои домашниот суперкуп.

Во Англија, трипати ја освои Премиерлигата, еднаш ФА купот, двапати Лига купот и еднаш Суперкупот, сето тоа со Манчестер јунајтед, додека со Реал Мадрид двапати беше шампион на Шпанија и по двапати триумфираше во Кралскиот куп и Суперкупот.

Роналдо има кренато вкупно 34 трофеи во кариерата, а рекордер е Дани Алвес со 42.