САМО ПАНДЕВ И ЕЛМАС ОД МАКЕДОНСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ УСПЕАЈА ДА СТАНАТ ШАМПИОНИ НА СЕРИЈА А

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Елиф Елмас му се придружи на Горан Пандев како вториот македонски фудбалер кој освоил шампионска титула во Италија.

Она што на Пандев му успеа со Интер во 2010, Елмас го повтори со Наполи, кој синоќа одигра 1:1 со Удинезе, што му беше доволно да ја завери третата шампионска титула, прва од 1990 година.

Пандев освои вкупно девет трофеи додека играше во Италија од 2001 до 2022, вклучувајќи два купа со Наполи. Ова е втор трофеј за Елмас, кого Наполи го купи од Фенербахче за 16 милиони евра во 2019 година.

(Фото: Твитер)