Селин Дион ги исмејуваше Доналд Трамп и Џеј-Ди Венс затоа што го искористија нејзиниот хит од оскаровскиот филм „Титаник“ на последниот митинг на Трамп.
Непосредно пред претседателскиот кандидат да се појави на сцената во Бозман, Монтана, на 9 август, републиканците на голем екран го гледаа спотот на Дион како ја пее нејзината песна од 1997 „My Heart Will Go On“.
Менаџерскиот тим и издавачката куќа на Дион, кои неодамна настапија на церемонијата на отворањето на Олимпијадата што Трамп ја критикуваше, сега објавија изјава во име на пејачката, во која се вели дека за употребата на песната не добиле овластување.
Објавата, која се појави на страниците на социјалните мрежи на Дион вели: „
„Во никој случај употребата на оваа песна не е дозволена, а Селин Дион не ја поддржува за оваа или каква било слична намена“. Во соопштението иронично се вели дека не ја поддржуваат одлуката на кампањата да се користи песна од филм за брод што тоне, додавајќи: „И навистина, ТАА песна?“
Одлуката да се користи песната беше широко исмејувана на социјалните мрежи откако се појавија видеа од митингот.
Фото: Гети