ШЕНЕН ДОЕРТИ ОТКРИ ДЕКА Ѝ СЕ ВРАТИЛ РАКОТ НА ДОЈКА

Њујорк, (АП)

Актерката Шенен Доерти објави дека ѝ се вратил ракот на дојка и дека прогресирал до четврта фаза.

„Има денови кога си велам: ‘Зошто јас?’. Потоа си велам: ‘А, зошто пак не јас? Кој друг? Зарем има некој кој ова го заслужува? Никој од нас не го заслужува’. Ова е тешка таблета за проголтување“, пишува таа во писмото до обожавателите на Светскиот ден на борба против ракот.

Ѕвездата на ТВ-сериите „Беверли Хилс 90210“ и „Маѓепснички“ во 2015 откри дека има рак на дојка и постојано на социјалните мрежи објавуваше детали од нејзините борба и лекување. Четириесет и осумгодишната глумица лани го сними продолжението на „Беверли Хилс“, додека дијагнозата ја држела во тајност.

„Луѓето во оваа фаза можат да работат. Животот не ни завршува кога ќе ја добиеме дијагнозата. Сѐ уште имаме за живеење“, вели Доерти.